Subaru VIZIV-7 концепт

Subaru на 2016 Los Angeles Motor Show го претставија концептот VIZIV-7, сосема нов SUV кој на пазарот треба да се појави во 2018-та, а кога тоа ќе се случи, ќе биде најголемиот продукциски автомобил на компанијата.

Новиот SUV ќе доаѓа со 3 реда седишта и капаците за седење на 7 возрасни луѓе, а иако од компанијата велат дека продукциската верзија на VIZIV-7 ќе биде со средна големина, димензиите на концептот се поголеми и од оние на Range Rover Sport – тој е 520cm долг, 200cm широк и 186cm висок, со меѓуоскино растојание од 299cm.

Големите димензии се должат на тоа што продукциското возило ќе биде наменето само за пазарот во Северна Америка, бидејќи на овој пазар Subaru немаат понудено седмосед повеќе од 2 години, откога бил прекинат да се произведува моделот Tribecca.

VIZIV-7 има помодерен, „не-коцкаст“ дизајн, 21 инчни бандажи, дневни и задни LED светла, а најверојатно поголем дел од дизајнерските елементи како користење на carbon fibre материјалот за заштитната обвивка ќе бидат изоставени во продукциската верзија, со цел да се намалат трошоците за нејзина изработка.

Иако е најавен за почетокот на 2018-та, уште наредната година се очекува во целост да бидат претставени спецификациите на овој модел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...