Aston Martin Vanquish S

Aston Martin го претставија новиот Vanquish S, помоќен со поагресивен изглед и ревизии на менувачот и амортизацијата.

Во новиот модел е вграден истиот 6-литарски V12 мотор како и во стандардниот Vanquish, со тоа што е нагоден да има 27 коњски сили повеќе – значи вкупно 603. Ова му помага на Vanquish S да постигне забрзување од 0-100км/ч за само 3.5 секунди, а максималната брзина му изнесува 323км/ч.

Иако „на хартија“ подобрувањето на перформансите се делува премногу големо, компанијата тврди дека новиот мотор нуди пожестока реакција при стискање на педалата за гас, како и пренос на моќноста, благодарејќи на редизајнираните отвори за пропуштање на воздух во моторот.

Подобрен е и 8-брзинскиот Touchtronic III менувач, за кого од Aston велат дека побрзо ги менува брзините отколку оној на стандардниот Vanquish, како и амортизацијата.



Сите овие механички подобрувања се скриени под каросеријата со поагресивен изглед, и експонирани акценти од carbon-fibre материјалот.

Понудени се и стилски надградби од типот на 20-инчни бандажи кои можат да имаат црн или сребрен финиш, како и кров, предна решетка и детали на хаубата изработени од carbon fibre. Во поглед на ентериерот, може да се одберат неколку опции од новата Filograph ватирана кожа, а централната конзола може да има финиш во, погодувате – carbon fibre материјалот со сатенска текстура.

Првите испораки на Aston Martin Vanquish S се очекуваат при крајот на декември, а ќе чини од 230 000 евра нагоре.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...