NextEV NIO EP9

Кинескиот старт ап, производител на електрични автомобили NextEV, го претстави нивниот комплетно електричен хипер-автомобил EP9, кој на пазарот ќе се појави под името на нивниот подбренд NIO.

Од NextEV велат дека EP9 е најбрзиот електричен автомобил во светот – од 0 до 100км/ч забрзува за само 2.7 секунди (малку побавно од Tesla Model S P100D кој тоа го прави за 2.4 секунди), но има максимална брзина од 312км/ч. Моторите од 777 волти развиваат моќност од 1 Megawatt, што е еквивалент на 1360 коњски сили, а има 1480Nm вртежен момент. Се напојува преку литиумски батерии со водено ладење, кои се приклучени на 4 електрични мотори – по еден на секое тркало.

Од компанијата велат дека батериите можат комплетно да се наполнат за 45 минути, или пак да се заменат со нови за 8 минути, штом автомобилот помине 426km, колку што му е дометот со едно полнење.

NextEV NIO EP9 тежи 1735kg, од кои 635kg тежат само батериите – што е скоро 200kg повеќе од LaFerrari или McLaren P1. Автомобилот произведува скоро 2,5 тони потисок при брзина од 240км/ч, и развива над 2,5G латерална сила при влегување во кривина со голема брзина.

Компанијата планира да произведе само 6 модели, кои се веќе резервирани за нејзините инвеститори, а изработка само на еден чини околу 1.2 милиони долари. Тие ќе бидат користени како амбасадори на брендот на тркачките траки, пред компанијата да го претстави нивниот прв мејнстрим патнички автомобил наредната година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...