Volkswagen e-Golf

На LA Motor Show 2016 Volkswagen ја претставиле најновата верзија на e-Golf, комплетно електричната варијанта на нивниот најпознат модел, која во однос на старата нуди повеќе домет, поголема моќност и повеќе опрема.

Дизајнот е идентичен како на најновата ревизија на Golf моделите, со LED предни и задни фарови, дневни светла, нов дизајн на задниот браник, нов дизајн на светлата за кочење, како и анимирани индикатори.

Дометот на новиот e-Golf е зголемен за околу 50%, и тој сега изнесува 300 километри со едно полнење на батериите, додека моќноста е зголемена на 135 коњски сили, за околу 20 повеќе отколку претходниот модел. Зголемен е и вртежниот момент (за 20Nm), кој сега изнесува 290Nm, што на автомобилот му овозможува забрзување од 0-100км/ч за 9.6 секунди.

Од Volkswagen велат дека потрошувачката на електрицитет не е променета и покрај зголемената моќност, а поголемите батерии ќе му овозможат на возилото да поминува поголема километража со едно полнење.

Покрај останатите подобрувања превземени од „обичниот„ нов Golf, e-Golf сега има дигитална инструмент табла, и контрола на infotainment системот со гестикулации. Како стандардни опции сега доаѓаат e-remote сервисите, кои му овозможуваат на сопственикот безжично (преку апликации) да ги контролира климата и електричното полнење.


Цената на новиот e-Golf се очекува да биде околу 37 400 евра, без грантот кој владите во многу земји го даваат при купување на електрични возила.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...