BMW 5 Series M Performance стајлинг

BMW го претстави M Performance стајлингот и надоградувања на нивната најнова 5 Series, кој на пазарот ќе се појави во февруари 2017-та.

Визуелните надоградби се состојат од финиши во carbon-fibre материјал на неколку места – долниот дел од предниот спојлер, задниот дифузер, спојлерот на поклопецот од багажникот, и ретровизорите.

Алтернативно, предниот сплитер и задниот дифузер можат да бидат финиширани и во црн полиуретан, еднаков на оној аплициран на предната „бубрег“ решетка, и страничните налепници.

M Performance моделите ќе доаѓаат со 20 инчни бандажи, во двобоен финиш или во сива нијанса наречена Orbit Grey.

Промените внатре во кабината се помалку драматични – спортскиот волан е финиширан во кожата алкантара со црвен акцент и контрастни сиви шавови.

Некои од моделите ќе добијат и други видови на подобрувања, па така 540i ќе има M Performance Power & Sound Kit, со 6-цилиндричен турбо мотор од 360 коњски сили и 550Nm вртежен момент.

530d дизел моделот исто така ќе биде подобрен – 6 цилиндричниот мотор ќе добие 30 коњски сили повеќе, и ќе има моќност од 290 коњски сили и 650Nm вртежен момент.

Од BMW велат дека надоградувањата во перформансите нема да влијаат на потрошувачката на гориво и CO2 емисиите.

На сите модели ќе бидат вградени подобри спортски кочници, со полесни дискови со црвен финиш.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...