Bentley Bentayga SUV супер-купе

Bentley планираат да претстават побрза и редизајнирана верзија на Bentley Bentayga SUV, како и нова спортска варијанта. Новиот SUV ќе биде стилски сличен на BMW X6M, но поскап и побрз од него.

Bentayga SUV купето ќе се појави на пазарот во 2017-та, а можно е како концепт да биде прикажан на Geneva Motor Show во март наредната година.

Овој модел ќе биде наменет за да постигнува подобри перформанси на патот, отколку надвор од него (за разлика од повеќето други SUV модели), ќе има 4 врати, 4 седишта, и помалку простор во багажникот во споредба со „обичниот“ Bentayga, но за разлика од него ќе има многу по агресивен стил – со поголеми браници, тркала (со 22 инчни бандажи), спортски дизајн и поголема аеродинамичност.

Се очекува новиот модел да ја користи унапредената верзија на 6.0 литарскиот W12 мотор од Bentayga, што би му овозможило забрзување од 0-100км/ч за неколку десетинки помалку од 4 секунди, колку што е забрзувањето на сегашниот модел. Исто така в предвид доаѓа и максимална брзина од околу 320км/ч/.

Во меѓувреме, додека се појави супер-купе верзијата, Bentley имаат потврдено дека ќе има уште две верзии на регуларната Bentayga – една со турбодизел мотор произведен од VW Group, и една со хибриден погон, комбинација од бензински и електричен мотор. И двете ќе се појават на пазарот во наредните 12-18 месеци.

Bentley Bentayga SUV купе варијантата се очекува да има стартна цена од повеќе од 190 000 евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...