Футуристички Citroen C5

Во обид да го задржи спектарот на модели што поразновиден, Citroen радикално ќе го променат C5 салон моделот во 2018-та со сосема нов модел базиран на концептот C-Xperience, кој беше претставен на овогодинешното Paris Motor Show во септември.

Традиционалните фамилијарни модели како Ford Mondeo, на пазарот ја губат продажбата во споредба со кросовер и SUV моделите, па поради тоа Citroen ќе го развие новиот C5 со по атрактивен дизајн.

Максим Пикат, извршниот подпретседател на PSA Group за Европа, во интервју има изјавено дека смета дека Citroen ќе истрае со традиционалните големи фамилијарни салон модели бидејќи нив ги гледа како алтернатива кога трендот на SUV моделите ќе заврши – според него, за една до две години SUV моделите ќе доминираат насекаде, и потенцијалните купувачи ќе бараат нешто поразлично за да се издвојат од толпата, а најслични возила во поглед на карактеристиките и ефикасноста ќе бидат токму големите фамилијарни модели.

C-Xperience концептот кој дебитираше во Париз има огромно влијание врз новиот C5, како што се гледа од сликите. Механички, новата генерација на C5 ќе биде базирана на модифицирана верзија на EMP2 платформата, која е искористена и на новиот Peugeot 3008. Бидејќи платформата е направена со земање в предвид на потенцијална електрификација на моделите, се очекува покрај вообичаените бензински и дизел модели, да има и plug-in хибриден C5.

Уште една иновација ќе биде новиот прогресивен хидрауличен амортизирачки систем, развиен како дел од Advanced Comfort програмата на Citroen, чија цел е подобрување на комфорот при возење. Системот ќе има хидраулични перници, како и конвенционални амортизери со цел да се „омекне“ движењето на автомобилот по патиштата.

Во внатрешноста се очекува да бидат вградени комплетно нови дигитални инструменти и мноштво HD touchscreen дисплеи со што ќе се добие чист и модерен изглед на кабината.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...