Mercedes го претстави специјалното издание на нивното S-Class купе кое ќе дебитира на Detroit Auto Show во јануари.
Наречен Mercedes S-Class Coupe Night Edition, овој модел во однос на обичниот“има дополнителни надградби и препознатлив изглед со темни акценти и финиши на екстериерот, но и во ентериерот.
Од напред се забележува уникатната радијаторска решетка со единечна шипка финиширана во сјајна црна боја – истата со која што се финиширани и 20 инчните AMG алуминиумски бандажи. Истиот третман го имаат добиено и ретровизорите и страничните прагови. Овие измени се суптилни, па така Night Edition („Ноќна Едиција“) моделите ќе го имаат спортскиот боди кит на AMG, а како опција ќе биде понудена и матираната сива боја на каросеријата.
Ентериерот е исполнет со Nappa кожа и кожен AMG ентериер во избор од неколку бои, како и финиш на дрвото со сјајна црна боја и Night Edition името изгравирано на воланот.
Сите овие подобрувања не се лимитирани само на еден модел – ќе ги добијат и S400 4Matic Coupe моделот со 367 коњски сили, и S500 Coupe моделот со V8 моторот од 455 коњски сили.
Цената на Night Edition моделот сè уште не се знае, но повеќе детали ќе се добијат како што се наближува Detroit Auto Show наредниот месец.