АВТОНОМЕН ЈАВЕН ТРАНСПОРТ

Иднината на урбаниот превоз

Урбаниот јавен транспорт (како таксијата, автобусите и сл.) се користи за пренесување на илјадници патници секој ден, и наскоро ќе биде комплетно автономен. Уште од сега многу градови, превозни сервиси и производители на автомобили ги тестираат своите роботски автономни возила кои би можеле да го револуционизираат јавниот превозен систем, а еве дел од нив:

1) LUTZ

Овие малечки електрични возила се дизајнирани да ги транспортираат луѓето со мали брзини помеѓу железничките станици и централните градски подрачја, а од 2015-та се тестираат во градче во Обединетото Кралство, и тоа во мануелен мод со обучен оператор. По оваа фаза ќе следи автономната, што ќе кулминира со финална демонстрација пред да почнат да се користат насекаде.

2) Urban Light

Овој систем на четвороседи е почнат да се користи во 2011-та, на рута долга 3.9 километри која го поврзува аеродромот Хитроу со неговиот паркинг. Моментално тој со состои од 21 возило кое може да се движи автономно, преку централна контрола. Официјалните лица од аеродромот сакаат да го прошират овој систем кон блиските хотели, користејќи 400 возила.

3) WEpod

WEpod е првиот автономен електричен шатл за користење на јавни патишта и за прв пат е тестиран годинава со превезување на 6 патници на рута долга 200 метри. Доколку сите тестирања поминат според планираното, тој ќе превезува патници помеѓу два града во провинцијата Гелдерланд во Холандија.

4) nuTonomy

Стартап компанијата nuTonomy го претстави првото автономно такси минатиот август. Во тест фазата која се одвива во населено место во Сингапур со површина од 6.5 квадратни километри се користат 6 такси возила (кои до крај на годината ќе се зголемат на 12) – модифицирани модели на електричните Renault Zoe и Mitsubishi i-MiEV.

5) Uber

Uber флотата на автономни возила сега засега се состои од модифицирани модели на Ford Fusion, а тест програмата е започната овој септември. Во почетната фаза сè уште во возилата има возач и инженер, но се планира секое од планираните 1.5 милиони возила да бидат комплетно автономни кога официјално ќе почнат да возат ширум светот.

6) Robot Taxi

Токио, градот домаќин на Олимписките игри во 2020-та, веќе се припрема за таа улога со тестирање на стотици автономни таксија кои треба да ги пренесуваат атлетичарите и посетителите. Проектот е наречен Robot Taxi, а уличните тестирања се надгледувани од компанијата DeNA.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...