2017 Skoda Octavia vRS

По повеќе од еден месец откога Skoda ги објавија деталите околу новите верзии на Octavia кои треба да се појават во 2017-та, ги имаме првите детали за vRS верзијата која ќе биде ривал на Ford Focus ST, со радикален редизајн, дополнителна технологија и мало зголемување на моќноста во однос на сегашната верзија.

Најголемата разлика кај vRS (како и кај регуларната Ocravia) ќе биде сосема новата препознатлива предница, со опција предните фарови да бидат изработени со адаптивната LED технологија. Измените на задниот дел се лимитирани на нови LED фарови и сменет дизајн на дифузерот.

Octavia vRS ќе нуди избор 18 или 19 инчни алуминиумски бандажи, а за ентериерот сè уште нема никакви детали (барем не на слика), но се знае дека во него ќе биде вграден нов поголем infotainment систем од најновата генерација, спортски седишта и акценти со сјајна црна боја.

Моторот ќе биде познатиот 2.0 TSI турбо бензинец, чија моќност ќе биде зголемена за 10 коњски сили, на вкупно 230. Од Skoda, зачудувачки, велат дека новите модели ќе имаат зголемени CO2 емисии во однос на старите, 149g/km кај бензинската и 142g/km кај дизел верзијата (која механички не е променета)

Сите Octavia vRS ќе доаѓаат со опцијата за динамичка контрола на шасијата, нудејќи спортски, нормален и комфорен мод на системот за амортизација.

Цените сè уште не се објавени, но повеќе официјални детали се очекува да следат наредната година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...