2017 Kia Picanto

Kia ги објавија официјалните скици со дизајнот на новото Picanto – градскиот автомобил кој ќе дебитира на Geneva Motor Show пред да се појави на пазарот подоцна во 2017-та.

Третата генерација на Picanto ќе има повеќе простор отколку сегашната, но ќе нуди и спортски изглед во контраст со „сестринскиот“ модел Hyundai i10. На скиците се забележува дека новото Picanto ќе има голема предна решетка, масивен браник и LED технологија на фаровите.

Скицата од ентериерот покажува дека архитектурата на кабината ќе биде слична на онаа од поголемиот модел Kia Rio, со дигитален дисплеј на командната табла преку кој што ќе се има пристап до разните функции на автомобилот, судејќи според редуцираниот број на копчиња на централната конзола.

Според шпионските фотографии на прототипот со 5 врати, може да се забележи дека новото Picanto е малку поголемо во однос на должината и ширината, што ќе резултира со зголемен простор за патниците, како и во волуменот на багажникот.

Поскапите варијации на моделот се очекува да имаат кожни седишта, а во поглед на моторите најверојатно на располагање ќе бидат истите како кај сегашниот модел – 1.0 литарски 3-цилиндричен од 65 коњски сили, и 1.25 литарски 4-цилиндричен од 85 коњски сили. Според скиците, на располагање ќе биде 5 брзински мануелен, но и автоматски менувач.

Почетната цена на новото Kia Picanto се очекува да биде околу 10 000 евра, што го става во слична позиција со ривалите како VW up!, Skoda Citigo, Hyundai i10, па дури и Ford Ka+.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...