2017 Skoda Octavia Scout

Откако претходните денови беше претставена новата 2017 Skoda Octavia vRS, сега се појавија и првите слики и детали за Scout караван варијантата. Новиот модел со фејслифт ќе се појави во продажба во почетокот на 2017, со разни дизајнерски и технолошки подобрувања.

Како и кај останатите варијации на 2017 Octavia серијата, најзабележителни промени има претрпено предницата, со новите „поделени“ фарови и опционалната LED технологија, а редизајнирана е и решетката и браниците.

Задните светла се LED, a познатиот Scout стајлинг вклучува и додатоци како предни и задни пропадни плочки, како и зголемена височина на возилото за 3цм, што го подобрува пристапот и напуштањето на погруби терени.

Иако нема објавено слики од ентериерот, се знае дека Scout ќе го има истиот нов touchscreen infotainment систем како и останатите модели од Octavia серијата. Поскапите варијации ќе доаѓаат со 9.2 инчен екран со WiFi Hotspot технологија, а ќе бидат понудени и функции за асистирање на возачот како асистент при користење на приколка, асистент за предупредување за сообраќајот зад возилото, и подобрен асистент за автономно предно кочење.

Новата Octavia Scout ќе доаѓа со избор од два 2.0 литарски дизел мотор – основниот ќе има 150 коњски сили, 6-брзински мануелен менувач, од 0-100км/ч ќе забрзува за 9.1 секунди, а потрошувачката ќе му изнесува 20km/l. Помоќната варијанта ќе има 183 коњски сили, 7-брзински автоматски DSG менувач, од 0-100км/ч ќе забрзува за 7.8 секунди, додека CO2 емисиите ќе бидат 133g/km.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...