2018 Audi Q3 SUV

Audi спремат нов, полесен и попрактичен Q3 кој на пазарот треба да се појави во 2018-та.

Сегашниот SUV е најстариот модел во серијата Q, но зголемената конкуренција во самата VW Group како SEAT Ateca и новиот VW Tiguan значи дека му следува комплетна надградба за да е „во тек“ со останатите.

Сегашниот Q3 ја користи платформата која е идентична со онаа на Mk5 VW Golf-от, додека новата верзија ќе се префрли на MQB платформата која се користи и за Audi TT спортскиот автомобил, но и за Skoda Kodiaq SUV-от.

Тоа значи дека возилото ќе биде полесно, ќе има повеќе простор, како и можност за користење на plug-in хибридната технологија - новиот Q3 ќе биде за 6cm подолг и 5cm поширок од сегашниот, со зголемено меѓуоскино растојание за 5cm.

Зголемените димензии на возилото ќе значат и зголемен простор на багажникот, чиј волумен сега изнесува 420 литри.

Дизајнот се очекува да е сличен како кај новата генерација на Q5 – со нова предна решетка и LED предни фарови.

Порадикални промени ќе претрпи внатрешноста, која ќе биде слична на онаа од Q5 – Virtual Cockpit дисплејот на Audi ќе ги замени конвенционалните инструменти зад воланот, додека командната табла ќе биде дизајнирана хоризонтално наместо вертикално и визуелно ќе ја зголеми широчината на кабината.

Во поглед на моторите, изборот ќе се содржи од 4-цилиндрични бензински и дизел мотори од 1.5 и 2.0 литри, со моќност помеѓу 150 и 220 коњски сили, додека најмоќната варијанта ќе биде RS Q3 која ќе ја користи последната верзија на 5-цилиндричниот турбо мотор на Audi, кој не само што е полесен бидејќи е направен од алуминиум, туку е и многу по моќен – има 400 коњски сили. Како и сегашниот RS Q3, и новиот ќе има 7-брзински автоматски менувач и Quattro погон.

Plug-in хибридната e-tron верзија ќе се појави околу една година по останатите, а се очекува да има економичност од над 63km/l и CO2 емисии под 40g/km. Можна е и комплетно електрична верзија која би ја користела платформата на VW е-Golf, кој сега има домет од 300km со едно полнење на батеријата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...