Faraday Future FF91

Производителот на автомобили Faraday Future на CES 2017 го претстави својот прв продукциски модел наречен FF91, кој има најбрзо забрзување во светот за електричен автомобил.

Тој забрзува од 0-100км/ч за 2.39 секунди, рушејќи го рекордот на Tesla Model X P100D, благодарејќи на батеријата од 130kWh која произведува 1800Nm вртежен момент и 1050 коњски сили.

Според тврдењата на компанијата, FF91 има домет од над 608km со едно полнење на батеријата, а во иднина ќе може да се полни и преку било кој стандард за безжично полнење кој ќе биде на располагање.

Додека перформансите му се како на супер-автомобил, големината е како на луксузните салон модели – меѓуоскиното растојание му е 320cm, што е подолго од Mercedes S-Class и Bentley Flying Spur.

Стилски, многу елементи се земени од SUV моделите, а и покрај неговата големина, дизајн и забрзување, FF91 ќе има возачка динамика како на градско возило со средна големина, управување на сите тркала, како и прилагодување на висината во зависност од брзината на возење.

Возилото ќе има 22 инчни бандажи и стаклен кров направен од PDLC стакло ( течен кристал со дисперзиран полимер). Тоа значи дека со тапкање на стаклото, тоа ќе може инстантно да се затемни и да им овозможи приватност на патниците.

На хаубата се наоѓа 3D LIDAR детектор на извлекување преку кои се вршат многу од автономните функции на автомобилот, како и 10 HD камери, 13 радари со краток и долг домет, и 12 ултрасонични сензори.

Стандардниот ретровизор е заменет со HD дисплеј кој ги прикажува снимките во живо (сплотени во една) од страничните огледала и камери, со што се елиминираат мртвите агли.

Вклучена е и технологија за препознавање на ликови, со чија помош вратата на автомобилот се отвора без клуч.

Компанијата исто така ја претставила нивната глобална FFID технологија која ќе претставува основа на поврзаниот „еко систем“ од вакви возила, каде секој возач ќе има уникатно ID каде ќе бидат сочувани податоците во врска со начинот на возење (како позицијата на седиштата и сл.). Сета оваа конективност ќе биде овозможена од брз безжичен интернет внатре во возилото, и интеграција која ќе овозможува, на пример, планирање на рутата за патување во лаптоп и нејзино префрлање во автомобилот, притоа правејќи измени на смартфон или таблет.

Производството нема да започне до 2018-та, но потенцијалните купувачи можат да остават депозит од $5000, кој би се враќал доколку се предомислат.

Полната цена на моделите сè уште не се знае.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...