Bentley Continental GT Supersports

Bentley се спремаат да ја лансираат сосема новата верзија на нивниот Continental GT модел подоцна оваа година, но во меѓувреме сегашниот модел ќе ја добие најмоќната продукциска верзија која компанијата било кога ја направила – новата Supersports варијанта.

Од Bentley велат дека новиот Continental GT Supersports ќе биде најбрзиот четворосед во светот – на располагање ќе биде во нормална и кабриолет варијанта, ќе има 6.0 литарски W12 бензински twin-turbocharged мотор од 710 коњски сили и 1017Nm вртежен момент, кој од 0-100км/ч ќе забрзува за само 3.4 секунди – побрзо отколку било кој Bentley модел досега. Возилото ќе тежи 2.3 тона (кабриолетот ќе биде 150kg потежок поради дополнителниот механизам за подвижниот кров), а максималната брзина ќе му биде 336км/ч.

Новиот модел ќе го задржи погонот на сите тркала од сегашниот Continental, со тоа што 60% од вртежниот момент ќе биде доделен на задните тркала. Останатите подобрувања ќе се однесуваат на системот за амортизација кој ќе биде по крут и спуштен, кочниците ќе бидат јаглеродно-керамички, а како опција ќе биде понуден и титаниумски систем за издувни гасови кој би бил неколку килограми полесен од класичниот.

Bentley Continental GT Supersports ќе биде околу 60 000 евра поскап од сегашниот „обичен“ модел, со почетна цена од околу 250 000 евра за купе и 272 000 евра за кабриолет моделите. Првите испораки се очекуваат оваа пролет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...