2018 Audi Q8 концепт

Audi на Detroit Motor Show го претстави Q8 концептот - предводникот во нивната серија на SUV модели кој ќе се придружи на останатите во 2018, и ќе биде ривал на BMW X6, Mercedes GLE Coupe, како и на Range Rover.

Концептот е сличен на сегашното Audi Q7 – долг е над 5 метри и има меѓуоскино растојание од 3 метри, но е за 4cm понизок од Q7, и има багажник од 630 литри. Прикажаната верзија има 4 седишта, но се очекува продукцискиот модел да има 5.

Концептот бил прикажан како plug-in хибриден e-tron модел, напојуван од 3.0 литарски TFSI мотор спарен со електричен мотор напојуван од 17.9kWh моќна литиум-јонска батерија. Комбинираната моќност од двата мотори е 445 коњски сили и 700Nm вртежен момент, додека CO2 емисиите се 53g/km.

Од Audi велат дека забрзувањето од 0-100км/ч на новата Q8-ца ќе изнесува 5.4 секунди, а максималната брзина ќе биде 250км/ч. Q8 ќе доаѓа со 8-брзински автоматски менувач и quattro погон.

На прикажаниот модел може да се забележи поширока верзија на предната осмоаголна решетка, додека на задниот дел има лента од LED светла по целата широчина, што ќе биде заштитен знак кај сите идни e-tron модели.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...