На овогодинешниот Detroit Motor Show, Volkswagen го претставија нивниот нов модел Tiguan Allspace SUV со 7 седишта, кој кога ќе се појави на пазарот во 2017 ќе биде ривал на Nissan X-Trail.
Tiguan Allspace во споредба со стандардниот модел ќе биде подолг за 215mm, и ќе има суптилни визуелни разлики во изгледот на предната решетка, хаубата, и поголемите задни прозорци.
Меѓуоскиното растојание е за 110mm подолго од она на стандардниот Tiguan, што значи дека на задните седишта има 60mm повеќе простор за нозете, како и багажник поголем за 115 литри – така, волуменот кога седиштата се спуштени ќе му биде 1770 литри, а без тоа 730.
Третиот ред на седишта ќе биде понуден како опција, а останатите опции ќе вклучуваат погон на предните или на сите тркала, како и трите бензински и дизел мотори од стандардната Tiguan серија.
VW Tiguan Allspace се очекува на пазарот да се појави во втората половина на 2017-та, со почетна цена од околу 30 000 евра.