2017 Audi Q5 SUV

Новиот Audi Q5 е инспириран од поголемиот Q7, и го користи последниот дизајнерски стил на Audi со елементи како што се новата, голема предна решетка и LED фарови.

Втората генерација на Q5 ја користи MLB платформата на VW Group, истата врз која е направен последниот А4, што значи дека е за некои 90kg полесен од сегашниот модел кој што ќе го замени.

За првпат кај оваа серија, Audi ќе понуди и модели со погон само на предните тркала, додека кај оние со quattro погон ќе биде вградена неговата најнова верзија, која при секојдневното возење ги дисконектира задните тркала за да се заштеди на гориво.

Кога ќе се појави на пазарот, ќе бидат понудени 5 мотори – TFSI бензинец од 252 коњски сили, 2.0 литарски TDI дизел од 150, 163 и 190 коњски сили, и 3.0 литарски TDI од 285. Со 2.0 литарските мотори ќе биде понуден 6-брзински мануелен и 7-брзински S-tronic автоматски менувач, додека 3.0 литарските ќе доаѓаат со 8-брзински автоматски Tiptronic.

Потрошувачката кај бензинците се тврди дека ќе биде 17km/l со CO2 емисии од 157g/km, додека кај дизелот од 190 коњски сили таа ќе изнесува 24km/l, со CO2 емисии од 132g/km.

Покрај обичната серија, ќе биде понуден и нов SQ5 модел, кој ќе има 3.0 литарски турбо V6 мотор од 353 коњски сили и забрзување од 0-100км/ч за 5.4 секунди. Подоцна во 2017 ќе се појави и RS Q5 моделот со најмалку 456 коњски сили и twin-turbo бензински мотор.

Се очекува и Plug-in хибридна верзија со CO2 емисии помали од 90g/km.

Најголемиот дел од измените ќе бидат внатре – подобрени материјали, поголем избор од финиши, и зголемен простор за нозете на патниците на задните седишта, благодарејќи на поголемото меѓуоскино растојание.

Ќе биде вградена и најновата технологија на Audi, со навигација базирана на Google Maps, Virtual Cockpit командна табла и систем за забава базиран на таблети на задните седишта.

Почетната цена на основниот дизел модел ќе биде околу 42 500 евра, а на бензинецот 43 400 евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...