2018 Ford Mustang

Ford го претстави новиот, подобрен Mustang GT кој на пазарот треба да се појави наредната година.

Подобрувањата се суптилни, но забележливи – има нов преден браник и спојлер, како и нови воздушни отвори, а сменет е и изгледот на предните фарови кои сега се потенки и со специфични нови индикатори.

Во поглед на моторите, Ford во Европа ќе го нуди Mustang GT со два избора: 5.0 литарски V8 и 2.3 литарски 4-цилиндричен Ecoboost мотор кој ќе биде вграден во основниот модел.

V8 верзијата е преработена да има поголема моќност, но компанијата сè уште не објавила колкава таа ќе биде.

Сменета е и понудата на системите за менување – 6-брзинскиот менувач е адаптиран да има оптимален вртежен момент и кај двата модели, а оној кој ќе биде вградуван во V8 моделот ќе има ново квачило со две плочки. Се шпекулира дека како опција ќе се нуди и нов 10-брзински автоматски менувач, кој би го заменил 6-брзинскиот.

Новиот Mustang ќе добие и нова амортизација, а како дел од Performance пакетот ќе бидат понудени MagneRide амортизери.

Ентериерот ќе остане помалку или повеќе ист со сегашниот, со тоа што како дополнителна опција ќе биде понудена нова 12 инчна LCD инструмент табла, која ќе ги замени традиционалните аналогни мерачи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...