Dendrobium – концепт на електричен хиперавтомобил

Сосема нов комплетно електричен хиперавтомобил наречен Dendrobium ќе биде претставен на Geneva Motor Show, со глобално откривање закажано за 7-ми март.

Концептуалното возило прикажано на тизер сликите е дело на сингапурскиот специјалист за електрични возила Vanda Electric. Компанијата ги користи и услугите на Williams Advanced Engineering – технолошкото крило на Williams Group и Formula 1 тимот – како технички партнер кој помага во развојната фаза на овој автомобил.

Од Vanda Electric велат дека влијанието на Williams ќе биде забележливо во моторите, батеријата и аеродинамиката на возилото, како и дека вратите и кровот ќе се отвораат синхронизирано, слично на комплетно отворен цвет од Орхидеја ( Dendrobium е инаку вид на овој цвет).

Компанијата нема објавено никакви официјални информации во поглед на моторот на концептуалното возило, но разни извештаи добиени од повеќе извори на интернет сугерираат дека Dendrobium може да има моќност од 1520 коњски сили, и забрзување од 0-100км/ч за 2.5 секунди.

Овој автомобил е радикално различен од останатите возила на Vanda Electric – сингапурската компанија досега има дизајнирано мали електрични камиони наречени Ant Truck, со домет од 100km и можност да носат товар до 1 тон, како и Motochimp – мало електрично моторче со домет од 60km.

Повеќе детали за Dendrobium ќе бидат објавени во наредните неколку недели



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...