Audi A3 купе

Аudi ја спремаат подновената A3 серија на фамилијарни автомобили во хечбек, спортбек и салон верзија, на која ќе им се придружи и купе варијанта 4 врати, а која треба целата да биде комплетирана до крајот на оваа декада.

Како што може да се види од сликите, дизајнот ќе претрпи скромни измени во однос на сегашниот – ќе ја има препознатливата предница на A3, но со нова дизајн на решетката која ќе го прави купе моделот поширок и поспортски, како и нови LED предни фарови.

Поголеми промени ќе претрпи задниот дел на автомобилот со нов браник, потенки задни фарови, како и подолга и закосена линија на кровот. Финалниот продукт ќе потсетува на TT Sportback Audi моделот прикажан на Paris Motor Show во 2014-та.

Од новата A3 серија прв ќе пристигне стандардниот хечбек модел во 2019, кој ќе ја користи истата MQB шасија од сегашниот модел, но ќе има повеќе простор за патниците и багажникот. Ентериерот ќе претрпи најмногу измени, бидејќи во него ќе биде вграден дел од технологијата од новиот A8.

Ќе биде подобрен и Virtual Cockpit системот на Audi, а моделите ќе вклучуваат и одредена форма на автономност, како и подобро интегрирана Интернет конективност.

Ќе биде понуден и подновен A3 e-tron plug-in хибриден модел, со голема можност и за комплетно електронска верзија на хечбекот.

На располагање, како и кај сегашните модели, ќе бидат опциите за бирање на 6-брзински мануелен или 7-брзински автоматски DSG менувач, како и quattro погон – иако повеќето модели ќе доаѓаат со погон само на предните тркала



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...