Skoda Kodiaq Sportline SUV

Skoda ја претставија најновата варијанта на нивниот нов Kodiaq, наречена Kodiaq Sportline, која нуди нови стилски подобрувања поради кои отскокнува од останатите стандардни верзии од овој SUV модел на Skoda.

Предната радијаторска решетка, шините на покривот, ретровизорите и рабовите на страничните прозорци се со црн финиш, додека задниот прозорец како и прозорците кај патниците се затемнети. Како стандардна понуда доаѓаат 19 инчни алуминиумски бандажи, а како дополнителна опција ќе се нудат и поголеми, 20 инчни.

Во внатрешноста тапацирот со Алкантара штоф ќе биде стандарден, како и кожниот волат и алуминиумските педали. Спортскиот стил на кокпитот продолжува и на шоферскиот дисплеј, на кој има G-Force мерач.

Во стандардната понуда кај Sportline моделот се вклучени: прилагодливо LED амбиентално осветлување, тачскрин infotainment систем, како и пакет за асистирање на возачот кој вклучува асистенција при закачена приколка, детекција на слепа точка, асистенција при паркирање со помош на камери, како и автономно кочење во итни случаи. Како опција ќе биде понудена адаптивна контрола на динамичката шасија, која вклучува и спортско нагодување на амортизерите.

Изборот на мотори го дели со скоро претставениот модел Kodiaq Scout – понудени ќе бидат 1.4 литарски бензинец од 150 коњски сили, како и 2.0 литарска верзија од 180, како и два 2.0 литарски TDI дизел мотори од 150 и 190 коњски сили. Стандардна опција ќе биде погонот на сите тркала.

Како и новата Scout варијанта, и Sportline ќе дебитира на Geneva Motor Show во март, кога ќе се знаат повеќе детали, како и цените.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...