Реинвенцијата на Aston Martin продолжува и во 2017-та, по минатогодишниот DB11 модел сега е на ред сосема нов Vantage кој на пазарот треба да се појави при крајот на оваа година, за кој што компанијата вели дека ќе биде модел кој што ќе има најдобро управување од било кој Aston Martin модел досега.
Новиот Vantage ќе има многу малку заедничко со претходникот – овој ривал на Porsche 911 ќе биде базиран на најновата алуминиумска архитектура на Aston, и ќе биде полесен, подолг и понизок од сегашниот модел.
Големите промени продолжуваат и под хаубата – Vantage ќе биде првиот автомобил кој ќе има корист од договорот кој Aston го имаат направено со Mercedes, и во него ќе биде вграден 4.0 литарскиот twin-turbo V8 мотор од Mercedes-AMG GT моделот, во комбинација со 8 брзински ZF автоматски менувач.
На сликите и на шпионските фотографии се гледа како би требало да изгледа продукциската варијанта на возилото – меѓу другото, ќе има повеќе дизајнерски елементи од DB10 моделот кои ќе го прават помалку сличен со D11