C-Aircross концепт на Citroen – идниот изглед на C3 Picasso

Наречен C-Aircross концепт, овој најнов кросовер модел на Citroen ќе го има своето деби на Geneva Motor Show во март – со стилски елементи од новиот C3 хечбек, но и C4 Cactus, нуди многу показатели како најверојатно ќе изгледа продукцискиот модел на новиот C3 Picasso.

Од страните ги има веќе надалеку препознатливите Airbump штитници на вратите, додека подкренатиот „патос“ и облогата на долниот дел на каросеријата му го даваат карактеристичниот SUV изглед. Тука се и препознатливите предни LED фарови и двојната решетка со логото.

Иако на сликите не е прикажана задницата на возилото, од Citroen велат дека и тој има смел дизајн како и предницата – со заоблени LED фарови и црни браници. Од компанијата велат дека секоја површина е дизајнирана да ја подобри ефикасноста на возилото, тука вклучувајќи ги и отворите за воздух поставени насекаде, како и задниот дифузер за подобрување на аеродинамиката.

Eнтериерот ќе биде многу поосветлен благодарејќи на панорамскиот кров (кој го има и C4 Cactus), додека дигиталната командна табла дава претстава како ќе изгледаат кабините на Citroen во иднината – со стаклен HUD дисплеј за прикажување на информации, како и 12 инчен дисплеј. Во наслоните за глава на седиштата ќе бидат вградени звучници, а ќе биде искористена и ConnectedCAM технологијата од C3 хечбек моделот. Бидејќи нема класичен менувач, централната конзола е широка, и овозможува безжично полнење на мобилни уреди, а ретровизорите се заменети со камери - но тие најверојатно нема да бидат вградени на продукцискиот модел.

Новиот C3 Picasso се очекува да го задржи погонот на предни тркала, како и моторите понудени кај C3 хечбекот. Големината од 4.1 метри го става некаде помеѓу Ford Fiesta и Ford Focus, a висината од 1.63 метри е скоро идентична како онаа на Ford Kuga SUV.

Бидејќи се работи само за концепт, сите негови елементи нема да завршат кај продукцискиот модел кој би требало да биде претставен летово, со првите испораки околу Божиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...