Новата А класа ќе има модели исклучиво со 5 врати

Mercedes ја подготвуваат идната генерација на нивниот хечбек модел од A-класата, од кој сега се појавија и шпионски фотографии.

Според нив може да се заклучи дека идната A класа во поглед на пропорциите ќе биде слична на сегашните модели, но со еволуиран дизајн, а не со комплетно сменет.

Компанијата направи реинвенција на својата А класа од малечкo повеќенаменско возило во конвенционален хечбек во 2012, а најновата (четврта) генерација која треба да се појави во 2018-та ќе се осврне на најголемите критики кои ги добиваат сегашните модели – а тоа е потребата да се попрактични, со поголем простор во возилото, и подобри за возење.

Клучен фактор за овие подобрувања ќе биде претставувањето на новата платформа врз која новата А класа ќе биде направена, а тоа е MFA2, која во споредба со сегашната MFA ќе има поголемо меѓуоскино растојание кое ќе создаде услови за поголем простор во возилото. Покрај тоа, редизајнираниот изглед и промената на изгледот на задницата ќе го зголеми просторот во багажникот во споредба со сегашните модели.

Новата А класа ќе има модели исклучиво со 5 врати, без верзија со 3.

Застарениот  2.1 литарски дизел мотор од сегашната генерација ќе биде сменет со новоразвиениот 2.0 литарски, дел од модуларната фамилија на дизел мотори на Mercedes, кој ќе биде понуден со моќност од 162 до 192 коњски сили.

Се размислува и за развивање на 3 цилиндричен дизел мотор кој би се употребил во случај на електрификација на моделите од оваа класа, а веќе се развива и нов 2.0 литарски 4 цилиндричен турбо бензински мотор.

Mожниот хибриден модел од А класата би имал мал бензински или 3-цилиндричниот дизел мотор во комбинација со електричен мотор од 50kW, кој би имал домет од околу 50km со едно полнење, и автоматски 9 брзински менувач.

На спротивниот крај на спектарот, инженерите на Mercedes-AMG исто така ќе работат на AMG верзија на А класата, со цел моќноста да биде околу 405 коњски сили.

Сосема новата архитектура на кабината ќе ја доближи новата А класа до дизајнот на C и E класите со користење на поскапи материјали, поедноставување на дизајнот на командната табла, и додавање на поголеми дигитални дисплеи, а сегашните команди на конзолата кои го контролираат COMAND infotainment системот ќе бидат заменети со touchpad контролер.

Како дел од системот за интелигентно возење на Mercedes, новата А класа ќе добие голем број на стандардни и опционални безбедносни и автономни системи, судејќи според бројот на сензорите забележани на шофершајбната на возилото на шпионските фотографии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...