Mercedes E-Class кабриолет

Mercedes го претставија најновиот E-Class кабриолет пред неговото деби на Geneva Motor Show, со него комплетирајќи ја новата E-Class фамилија.

Користејќи на MRA платформата – која ја дели со saloооn верзијата – новиот кабриолет е поголем од сегашниот модел. Тој е долг 4826mm, широк 1860mm и висок 1428mm, а конструкцијата е мешавина од алуминиум и челик.

Во поглед на дизајнот нема никакви изненадувања – E-Class кабриолетот ги следи линиите и формата на каросеријата на купе моделот, со тоа што му е додаден мек кров на извлекување. Овој изглед е комплетиран со спуштање на каросеријата за 15mm подолу од saloon верзијата, и 17 инчни алуминиумски бандажи како стандардна опрема. Материјалот од кој што е направен кровот доаѓа во избор од 4 бои, а тој може потполно да се отвори и затвори за 20 секунди при брзини до 50км/ч. Кога е затворен, кровот е сместен во багажникот во кој останува простор со волумен од 310 литри, а кога е отворен тогаш тој простор се зголемува на 385 литри.



Архитектурата на кабината е превземена од E-Class купето, со 12.3 инчен infotainment екран, 8.4 инчен екран во центарот на командната табла, и 7 инчен TFT екран на местото на мануелните инструменти.

Овој кабриолет има 4 седишта кои можат да се загреваат, а има вградено и AIRCAP и AIRSCARF системи за соочување со турбуленцијата при возење со отворен кров, и за загревање на предните две седишта до нивно на вратот.



Во поглед на моторите, Mercedes имаат изјавено дека кабриолетот ќе доаѓа со дизел и бензински варијанти, а во стандардната опрема ќе спаѓа нивниот 9 брзински автоматски менувач. 4MATIC погонот на сите тркала ќе биде понуден како дополнителна опција. Доколку моторите бидат идентични со оние на купе моделот (како што се претпоставува), тогаш може да се очекува 2.0 литарски дизел со 193 коњски сили, и две бензински варијанти – 2.0 литарски со 243 коњски сили, и E400 4MATIC 3.0 литарски V6 модел со 332 коњски сили. Подоцна би се појавила и Mercedes-AMG варијанта со 4.0 литарски V8 bi-turbo мотор.

Ќе биде понуден и специјален модел по повод 25 годишнината од првиот E-Class кабриолет, кој ќе има уникатни дизајнерски промени и додатен стандарден кит.

Цените сè уште не се објавени, но се очекува тие да започнат од околу 50 000 евра па нагоре.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...