Автомобилите на иднината ќе работат на обновливи извори на енергија или во најмала рака ќе бидат хибридни. На годинешниот Geneva Motor Show на светот му беше даден преглед на некои од најфутуристичките автомобили или концепти кои се развиваат, а еве 4 од вкупно 118-те претставени.
1) Hyndai FE Fuel Cell
Hyndai FE (скратено од Future Eco) Fuel Cell на пазарот треба да се појави во 2018, и цели кон тоа да ја претставува иднината на SUV моделите. Ќе се движи со помош на подобрената технологија за водородни ќелии на Hyundai, и ќе има нула штетни емисии. Според Hyundai, дизајнот на овој футуристички SUV е инспириран од водата, а во внатрешноста има навлажнувачи на воздухот кои можат да ги рециклираат дел од водените емисии од атмосферата во кабината.
2) Bentley EXP 12 Speed 6e
Oва е концепт за возило кое иницијално е претставен уште на 2014 Geneva Motor Show. EXP 12 Speed 6e е најверојатно еден од нај “фенси“ концептите досега прикажани, а ќе има подобра батерија од неговиот претходник, камери наместо ретровизори, и ќе доаѓа во кабриолет варијанта.
3) Lexus LS 500h
Lexus LS 500h е хибридна лимузина која ќе го има погонот од 2018 LC 500h Sports Coupe моделот. Само на електрична моќ може да помине значителна дистанца.
4) Renault Zoe E-Sport
„Обичното“ Zoe и E-Sport Zoe се две електрични возила на Renault, но Е-Sport е наменето за љубителите на трки. Има батерија од монструозни 450kg и моќност од 465 коњски сили, како и погон на сите тркала. За да ја задржи тежината на 1400kg, Е-Sport има каросерија од јаглеродни влакна.