Audi RS5 купето доаѓа на пазарот во јуни

На Geneva Motor Show Audi го претставија и последниот модел од новата A5 серија – RS5 купето, кое има агресивен RS стајлинг, поголема ефикасност и поголем вртежен момент од стариот модел. RS5 го дебитира новиот дизајнерски правец за идните RS модели на Audi, од кој следен е RS4 Avant караван моделот кој треба да се појави при крајот на годинава.

Напред се забележливи црната решетка во форма на саќе која се надзира и зад двата големи отвори за воздух, а спортскиот став е потенциран со пошироките лакови на тркалата кои ќе користат 19 инчни алуминиумски бандажи, со опција и на 20 инчни.

RS5 купето е напојувано од 2.9 литарски twin-turbocharged V6 мотор од 450 коњски сили кој има два цилиндра помалку од стариот V8 мотор во сегашниот модел, но затоа пак вртежниот момент му е зголемен за 170Nm на вкупно 600Nm.

Новото купе од 0-100км/ч забрзува за само 3.9 секунди, а максималната брзина (со пакетот опции кои ги отстранува лимитирањата) му е 280км/ч.

Новиот мотор има потрошувачка од 13.8km/l и CO2 емисии од 197g/km, што е за 17% подобро отколку стариот V8 модел, што делумно се должи и на помалата тежина на новото RS5 купе – таа изнесува 1655kg, што е за 60kg помалку од неговиот претходник.

Погонот е на сите тркала со автоматски 8 брзински triptronic менувач, а како дополнителна опција ќе биде понуден спортски диференцијал. Меѓу тие опции ќе спаѓаат и динамичка контрола на возење со спортска суспензија, керамички кочници и ревидиран волан, уникатен за RS Моделот.

Audi RS5 купето ќе се појави на пазарот во јуни, а цената се очекува да започне од 72 000 евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...