Volkswagen Sedric концепт

Volkswagen на овогодинешниот Geneva Motor Show претставија концепт на потполно автономен „hi-tech pod“, кој ја прикажува најновата технологија развиена од врвните инженери од VW Group, а Sedric го демонстрира потенцијалот кој би можел да биде искористен на голем број нови модели од сите брендови на оваа група.

Sedric е акроним од SElf-DRIving-Car (т.е автономен автомобил), а концептот се состои од 5 lidar скенери, 7 камери и дополнителни сензори кои ова возило го прават Level 5 автономно, овозможувајќи транспорт и за оние кои инаку не би биле способни да возат.

Се управува со специјален клуч кој VW го нарекуваат OneButton, кој операторот го притиска за да го повика Sedric. Откога во него ќе влезат патниците, возилото користи напредни гласовни контроли со кои се поставува дестинацијата, се планираат местата за запирање, се бира рутата, и останати корисни функции.

Sedric е потполно електричен, а компактната поставеност на батеријата овозможува простор во кабината за 2+2 луѓе, во која поради автономната природа нема ниту педали ниту волан.

Моментално, VW инвестираат милијарди евра во автономната технологија, па додека Sedric да се појави на патиштата во средината на наредната декада, тие ќе ја имаат најразвиената автономна технологија било кога видена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...