BMW M3 ПИК-АП

Најдобри првоаприлски шеги од автомобилската индустрија

Произведувачите на автомобили ширум светот и не се премногу познати по нивната смисла за хумор, но секој први април голем дел од нив се приклучуваат на трендот на осмислување на шега која делува доволно реално за да на неа наседнат голем број на луѓе. Еве неколку од подобрите од изминатите неколку години:

1) BMW М3 пик-ап

Во 2011, BMW ја претставија пик-ап верзијата на нивниот модел M3, со 4.0 литарски V8 мотор од 416 коњски сили, максимална брзина од 300км/ч и товарен простор со капацитет од 450kg.

2) Wrangler Grille Grill

Wrangler како првоаприлска шега го претставија нивниот Grille Grill џип чија предна решетка се отстранува и може да се користи за правење скара. Мора да се признае дека ова не е толку невозможен концепт, а дефинитивно би бил користен.

3) Skoda мултиколор модели

Во 2015, Skoda им ја реши дилемата на сите оние кои се двоумат во каква боја да го купат нивниот иден автомобил, и им понуда опција – во сите бои. Секој панел би бил покриен со микроскопски слој од новооткриен хемиски елемент unobtanium, кој би бил способен да ја менува бојата која врз него ќе се примени електричен полнеж (преку контролниот панел во кабината).

4) BMW Force Injection Booster

Во 2014, BMW најавија нов систем наречен Force Injection Booster кој ја „извлекува кинетичката енергија од моторот и ја конвертира во позитивни Г-сили“, при што се постигнува ефект како возилото да се движи при високи брзини, иако брзината му е 30км/ч.

5) MINI Cooper T

Во 2014 беше претставен MINI Cooper T моделот со погон на...чај. Со една шолја чај тој би поминувал 65km и би имал вградено технологија за спречување на потопување храна во чајот, како на пример кекси или бисквити. Дури и името на моделот преставува игра на зборови, бидејќи Т се чита како “ти“, што е изговорот за „чај“ на англиски.

6) Lexus Lane Valet

Оваа година Lexus претставија технологија која сите би сакале да е вистинска – автономен софтвер кој на возачите на Lexus би им овозможил преку безжична конекција да ги поместат бавните возила пред нив во лентата на која што припаѓаат, со притискање на едно копче.

7) Dacia Sundero

Oваа година Dacia беа инспирирани да прикажат иновативна солуција за оние кои сакаат да имаат потемен тен – моделот Dacia Sundero, кој во внатрешноста има вградено неонки за UV сончање кои автомобилот го претвораат во солариум, кога е паркиран.

8) Skoda “rent-a-family”

Сакате да тестирате SUV на Skoda ама немате доволно голема фамилија или не сте во можност да ја влечкате со вас? Тоа нема да е проблем со „rent-a-family” сервисот на Skoda понуден годинава, каде што компанијата ви изнајмува новороденчиња, малечки деца или тинејџери за автентично тест возење. Вашата нова “фамилија“ ќе ве малтретира по пат со познатите изјави „дали стигнавме?“ или „ми се оди во веце!“, а како дел од пакетот може да се вметне и куче на кое што му се лоши од возење.

9) МINI Hipster хечбек

За да се доближи на растечкиот „хипстерски“ пазар, MINI во 2016 го понудија нивниот Hipster хечбек модел со прозорци со Instagram филтри, касетофон со два дека, фиксен менувач со една брзина за да се совпаѓа со ретро хипстерскиот велосипед кој сопственикот дефинитивно би го имал и сл. Нормално, моделот не би бил доволно хипстерски без карираниот кров и странични елементи.

10) Honda Odyssey 2018 со сирена со смајлија

Годинава Honda најавија дека моделот Odyssey кој треба да се појави во 2018 на воланот ќе има вградено т.е “Honda Horn Emojis”, односно смајлија кои на притискање ќе активираат сирена наменета за разни ситуации – среќна, изнервирана, вљубена и сл. Постои дури и звук наменет за кучиња, за кој од Honda велат дека е бесшумен за луѓето, но ги предупредува кучињата на возила кои им се приближуваат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...