Погледнете ја новата Mazda CX-5

Mazda ги објавија спецификациите и цените на нивниот нов CX-5 кросовер модел, претставен минатата година на Los Angeles Motor Show.

Уште по „премиерата“ во 2012, CX-5 моделот стана еден од глобално најдобро продаваните модели на Mazda, а неговата најнова варијанта носи еволуција на дизајнот, а не негова радикална промена.

На предниот дел се забележуваат потенки фарови и незначително поголема предна решетка, а во споредба со сегашната верзија, новата е изградена на модифицирана верзија на сегашната платформа која има за 10mm подолго меѓуоскино растојание и е пониска за 15mm Внатре, CX-5 ќе го добие најновото издание на infotainment системот на Mazda со 7 инчен дисплеј, како и TFT дисплеј во висока резолуција на инструмент панелот.

Понудена ќе биде и опција за heads-up дисплеј кој може да проектира навигациски инструкции на внатрешноста од шофершајбната, како и опција за греачи на задните седишта. Mazda ги имаат подобрено 2.2 литарските дизел и 2.0 литарските бензински мотори, иако сè уште не се објавени ревидираните податоци во врска со нив.

Се знае само дека бензинецот ќе постои во варијанта од 165 коњски сили, додека дизелите ќе имаат 150 и 175 коњски сили.

Другите промени вклучуваат нова, подлабока и побогата црвена нијанса на популарната Soul Red боја на Mazda, која сега се нарекува Soul Red Crystal, како и поголем избор на безбедноста опрема, вклучувајќи ја најновата верзија на радарската контрола за крстарење, како и за препознавање на сообраќајните знаци.

Цените на подновената Mazda CX-5 ќе започнуваат од околу 27 800 евра за бензинците и од 30 000 за дизел варијантите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...