2018 Peugeot 308 фејслифт

На Интернет „протекоа“ слики од нешто што личи на Peugeot 308 хечбек, сугерирајќи дека подновена верзија на Peugeot ривалот на VW Golf и Ford Focus ќе се појави годинава.

Сликите постирани на форум на кој се дискутира за брендот не се официјално потврдени од Peugeot, а покажуваат одредени стилски промени кои ќе ги има фамилијарниот хечбек кога ќе се појави на пазарот.

На предницата се забележува новата решетка со „еквилајзер“ стил, со Peugeot беџот поставен на неа, а под неа е нов браник со поагресивен профил, поголеми отвори за воздух и нови светла за магла. Се чини и дека предните фарови имаат незначително променет дизајн во однос на оние на сегашниот модел. На задниот дел не се забележуваат некои поголеми промени (што се должи и на темните слики), освен дискретно редизајнираните задни фарови.

Внатрешноста се чини дека е идентична како кај сегашната 308-ца, со аналогни мерачи наместо втората генерација на дигиталниот i-Cockpit на Peugeot.

Официјалниот „фејслифт“ на Peugeot 308 како и подетални технички информации во врска со овој модел најверојатно ќе бидат објавени во втората половина на 2017.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...