Mercedes-AMG GLC 63 и GLC 63 купе

Mercedes-AMG ги претставија двата нови SUV модели - GLC 63 и GLC 63 купе. И двата ќе имаат 4MATIC+ погон на сите тркала како стандардна опција, како и 4.0 литарски twin-turbo V8 мотор, а ќе дебитираат на овогодинешното New York Motor Show, пред да се појават на продажба во јуни со први испораки во септември.

GLC 63 е ривал на Porsche Macan Turbo, додека купе верзијата спаѓа во новиот сегмент на купе SUV модели со високи перформанси.

GLC 63 ќе биде напојуван од рачно изработениот V8 bi-turbo мотор на AMG од 475 коњски сили и 650Nm вртежен момент – 35 коњски сили повеќе од најмоќниот Porsche Macan.

За оние кои бараат уште поголема моќност, и двата модела ќе бидат понудени во S изданието со 510 коњски сили, а сите варијанти ќе доаѓаат со 4MATIC+ погонот на сите тркала и новиот Speedshift 9-брзински автоматски менувач.

Mercedes сè уште ги немаат официјално објавено перформансите во поглед на забрзувањето од 0-100км/ч, но се очекува тоа да биде околу 4 секунди. Како и секогаш, најголемата брзина е електронски лимитирана до 250км/ч.

Дистрибуцијата на вртежниот момент ќе биде варијабилна како онаа на AMG E 63, и ќе биде поделена помеѓу предната и задната оска за да се оптимизира влечењето при одредени услови на патот – иако задните тркала ќе бидат постојано во движење.

Во однос на останатите возила од серијата GLC, GLC 63 се издвојува со нова предна решетка слична на онаа на AMG GT (со дебели хромирани вертикални „ребра“, поагресивни предни и задни браници, како и 20 инчни алуминиумски бандажи.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...