Оригиналното Mini во ремастерирана верзија

„Mini Remastered” е верзија за 21 век на овој класичен градски автомобил, лимитирана на 100 модели со почетна цена од околу 58 600 евра.

Високата цена го рефлектира фактот дека овој модел ќе биде рачно изработен во Обединетото Кралство, за чија шасија, тело и ентериер ќе бидат потребни околу 1000 часа работа за да се произведат. Цената ќе порасне и над 82 000 евра за двата типа на лимитирани модели со најдобри перформанси.

Mini Remastered ќе биде правен од David Brown Automotive и секое возило ќе биде идентично на оригиналниот модел во поглед на големината, но ќе има рачно изработени делови од каросеријата. Новите структурални греди ќе нудат дополнителна ригидност, а стајлингот ќе биде подобрен со алуминиумски бандажи, LED фарови, како и вграден infotainment систем во внатрешноста, со сателитска навигација и Apple CarPlay и Android Auto конективност.

Mini Remastered ќе биде напојуван со подобрена верзија на 1275cc моторот кој ќе биде за 50% помоќен од оригиналниот, а ќе има и подобрен 4 брзински менувач, надградена суспензија, четириклипни диск сопирачки како и подобрена изолација на звук.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...