Genesis GV80 концепт

Genesis, огранокот за луксузни автомобили на Hyundai, на New York Motor Show го претставија нивниот нов SUV концепт наречен GV80 со plug-in погон на горивни ќелии.

Додека GV80 ја прикажува иднината на дизајнот на компанијата (и ќе биде прв SUV модел произведен под брендот Genesis), исто така се најавува и како ривал на BMW X5

Предната решетка на GV80 е типична за Genesis, додека благо заоблениот дизајн се разликува од повеќето други нови SUV концепти, на кои доминираат аглести форми.

Хоризонталниот дизајн во два реда на предните фарови се повторува и кај задните, а рачките на вратите се вовлекуваат во каросеријата за да на GV80 му дадат „мазен“ профил. Впечатливи се 23 инчните бандажи со краци изработени од алуминиумска „мрежа“, а внатре, пак, кокпитот се одликува со огромен 22 инчен екран.

Genesis GV80 има plug-in погон на водородни горивни ќелии, а сè уште не се објавени никакви детали во врска со дометот или перформансите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...