Audi R8 Sport Edition

Audi на New York Motor Show претставија ново ограничено издание на моделот R8, славејќи ја историјата на мотоспортот на брендот, како и тркачката репутација на R8.

Наречен R8 Sport Edition, овој модел ќе биде изработен во само 200 примероци и ќе почне да се продава од мај. И двете варијанти на R8 – со V10 мотор/540 коњски сили и V10 Plus со 610 коњски сили – ќе бидат на располагање во новото спортско издание, за чија цена купувачите ќе добијат неколку стилски подобрувања во однос на обичните модели.

Спортското издание на R8 ќе доаѓа во мат или сјајна сребрена боја во поцрна или побела нијанса, додека страничните акценти како капаците на отворите за воздух и ретровизорите ќе бидат во контрастна црвена боја. Предниот сплитер, решетката и задниот дифузер ќе имаат финиш во црна боја, додека специјалните зајакнати 20 инчни алуминиумски бандажи (3 пати поцврсти од лиените) ќе имаат црн финиш со сребрени рабови.

Боите во кабината се поклопуваат со надворешните – Напа кожата ќе биде во црно-црвена комбинација, а црвен акцент има и на воланот.

Цените ќе започнуваат од 181 900 евра за стандардниот V10, додека V10 Plus ќе чини околу 205 800 евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...