BMW M4 CS (Club Sport)

BMW на Shangai Motor Show лансираше помоќен, полесен и побрз M4 , чие производство ќе биде лимитирано на 2 години, а продажбата ќе започне подоцна годинава со цени почнувајќи од 105 000 евра.

Според компанијата, она што ќе го двои CS од обичниот M4 е карактерот инспириран од мотоспортот.

BMW M4 CS го има истиот 3.0 литарски twin-turbo мотор, но со зголемена моќност од 460 коњски сили. Како резултат на тоа, забрзувањето од 0-100км/ч е за 3.9 секунди, додека најголемата брзина е електронски лимитирана на 280км/ч. Погонот е на задните тркала, преку 7 брзински менувач.

Покрај зголемената моќност, BMW го има адаптирано и системот за суспензија за да ја подобри динамичката моќ во однос на стандардниот M4, како и искористено разни техники за намалување на тежината на CS верзијата. Користена е пластика зајакната со јаглеродни влакна, поради што автомобилот е за 32кг полесен од M4, и тежи 1580кг.

Во поглед на стајлингот, BMW M4 CS има малечки детали кои го двојат од обичниот модел. На предницата има нов, поизразен преден сплитер, како и нов спојлер на задниот дел.

Уникатните алуминиумски бандажи со 10 краци се финиширани во сива боја, а понудени се и две бои за автомобилот – металик San Marino Blue и металик Lime Rock Grey.

Во внатрешноста, BMW имаат употребено комбинација од кожа и Алкантара, на командната табла се вметнати CS беџовите, а на располагање се и нови спортски седишта. Стандардната опрема ги вклучува системите за навигација и автоматска контрола на климата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...