Skoda Karoq SUV (Yeti)

Skoda ќе продолжи да ги турка своите SUV модели на пазарот со претставувањето на новиот кросовер со средна големина кој ќе треба да го замени моделот Yeti, а на шпионските фотографии веќе е забележан додека се тестира пред официјално да биде претставен подоцна годинава.

На фотографиите се забележува дека новиот SUV ќе ја замени коцкестата форма на Yeti со многу помодерен дизајн, сличен на „сестринскиот“ модел од VW Group, SEAT Ateca.

Стајлингот ќе биде во голема мерка превземен од новиот, поголем Kodiaq, a има и гласини дека Skoda ќе го отфрлат брендот Yeti, и новиот SUV ќе го претстават со сосема ново име. Можно е тоа да е Karoq, бидејќи чешката компанија веќе го има регистрирано, меѓутоа чудно е што оваа одлука сè уште не се знае, со оглед на тоа што возилото треба да го има своето јавно претставување наредниот месец.

Моторите би требало да ги наследи од остатокот на VW Group моделите, па така може да се очекува селекција од турбо бензински и дизел мотори кои би започнувале со 1.0 и 1.4 литарски бензински, и 1.6 и 2.0 литарски дизели. На располагање би бил погон на две или четири тркала, но без вистински оff-road карактеристики.

Се размислува и за хибридна варијанта, за која се претпоставува дека ќе го дели погонот со VW Tiguan GTE, што значи 1.4 литарски бензински мотор спарен со електричен, овозможувајќи потрошувачка од 63km/l и CO2 емисии помали од 50g/km.

Цените се очекува да започнуваат од 19 000 евра па нагоре, а новиот модел нема да пристигне во продажните салони пред 2018.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...