2019 Range Rover Evoque

Светот на малите премиум SUV модели ќе биде надополнет со нова верзија на Range Rover Evoque кој на пазарот треба да се појави подоцна во идната година. Ривалот на BMW X1 ќе биде поголем од сегашниот модел, попрактичен, како и подобар за возење.

Првиот Evoque модел чиј што дизајн на ентериерот бил потпомогнат од Викторија Бекам, се има појавено на пазарот уште во 2011, така што воопшто не е изненадувачки дека сега шпионските камери го забележале прототипот на новата верзија. Иако тест моделот од фотографиите користи делови од каросеријата од сегашниот модел, се забележува подновен дизајн на предницата, како и зголемена височина и широчина на возилото.

Според фотографиите, се очекува просторот за патниците да биде сличен на оној кој го имаат BWM X1 и ривалите, додека зголемената стабилност при управувањето би требало да е резултат на новите димензии.

Регистрацијата на прототипот открива дека тој има 2.0 литарски 4-цилиндричен дизел мотор, за кој сè уште не се знае дали ќе биде подобрена верзија од сегашниот модел, или некоја сосема нова варијација.

Се очекува при лансирањето на новиот Evoque да бидат понудени два дизел и бензиниски мотори, а повеќе детали ќе бидат објавени како што ќе пристигнуваат нови информации од производителот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...