Nissan X-Trail X-Scape

Nissan дефинитивно се разбира од кросовер возила – Qashqai се смета за автомобилот кој го започна тој тренд, и е на четврто место на најпродаваните автомобили во Британија.

Флотата на Nissan деновиве се зголемува со два нови кросовери – помалечкиот Juke и поголемиот X-Trail.

Сега, Nissan го нудат моделот X-Trail со нова дополнителна опција која би требало да „инјектира“ екстра возбуда во авантурите при возењето – а тоа е преносен дрон со камера.

Иако дронот е со брендинг на Nissan, се работи за моделот Parrot Bebop 2 – лесно летало кое тежи само 500гр., а доаѓа во комплет со далечински управувач и слушалки, но може и да функционира автономно и да го следи GPS сигналот на вашиот смартфон преку апликација. Може да лета во времетраење од нешто над 25 минути, и да ги снима пејзажите со камера од 14 мегапиксели.

Како стандардна опрема дронот ќе доаѓа на специјалното издание на X-Trail наречено X-Trail X-Scape кое ќе биде произведено во само 1200 примероци, од кои 200 ќе завршат во Британија. Овие возила ќе имаат и сателитска навигација, и панорамски сончев кров со шини.

Кај другите X-Trail варијации дронот ќе чини дополнителни 600 евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...