Hyundai Kona SUV

Најновиот SUV на Hyundai наречен Kona е фатен од фотографските објективи пред неговото официјално претставување летово, откривајќи некои стилски карактеристики.

Фотографијата од данскиот магазин AutoWeek го покажува профилот на Kona и контрастните бои на каросеријата. Големите испакнати лакови над тркалата се покриени со црна пластика, а на задниот дел се „претопуваат„ со светлата.

Големите алуминиумски бандажи со црни акценти му даваат спортски изглед на овој модел, а целиот дизајн на готовиот продукт е скоро идентичен со оној кај маскираниот прототип фатен на шпионски фотографии пред неколку недели.

Кога ќе се појави на пазарот оваа есен, Kona ќе биде најмалиот SUV модел на Hyundai, наоѓајќи се под Tuscon и Santa Fe моделите.

Името, инаку, е референца на областа Кона на островот Хаваи.  Новиот модел најверојатно ќе биде базиран врз шасијата на постоечкиот i20, кој е стар само 2 години и ќе ги добие најновите мотори од i30 – 1.0 литарскиот 3-цилиндричен и 1.4 литарскиот 4-цилиндричен турбо бензински мотори, како и 1.6 литарскиот дизел во најмалку 2 варијации на моќност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...