2018 Nissan Leaf

Nissan ја започна кампањата со тизери за наредната генерација на нивниот модел Leaf, пред тој официјално да биде претставен на овогодинешниот Tokyo Motor Show. Електричниот фамилијарен хечбек ќе го следи правецот на дизајн од новата Micra, и ќе добие повеќе варијации отколку сегашниот модел.

Иако генералниот дизајн е многу сличен на сегашниот, како што може да се забележи на шпионските фотографии и покрај тоа што е маскиран, видливо е дека новиот Leaf ќе биде инспириран од 2015 IDS концептот и ќе има елементи од новата Micra, како што се новите хоризонтални LED задни фарови.

Широ Накамура, кој е постар заменик претседател и главен креативен директор на Nissan, вели дека пред крај на оваа декада ќе има комплетна замена на Leaf моделот, а неговиот домет ќе биде покачен и дека 250km со едно полнење на батеријата не е максимумот што ќе го нуди. Тие сакаат овој модел да биде крупен играч на пазарот на електрични возила, и поради тоа постојано ќе добива надградби во дизајнот и батериите.

Во поглед на дизајнот, Leaf ќе има поконвенционален изглед за да биде што повеќе мејнстрим и да се совпадне со вкусовите на мнозинството, со цел да се продава во што поголем број.

Nissan во план имаат уште неколку возила со кои ќе се зголеми бројот на електрични фамилијарни модели кои ќе ги нудат, а меѓу нив е и електричен супермини Leaf модел кој ќе биде ривал на Renault Zoe.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...