Спортско електрично возило на Skoda

Шефовите од Skoda потврдиле дека за прв пат овој чешки бренд ќе развива комплетно електрично спортско возило, кое ќе биде едно од нивните 5 електрични возила кои треба да се појават во продажба до 2025-та.

Зборувајќи за историјата на брендот и некои од нивните иконски модели, Кристијан Струбе (шефот на Skoda за техничкиот развој) изјавил дека компанијата има 120 годишна историја, полна со емоции. Кога бил запрашан дали некогаш пак ќе направат автомобил како нивното купе 110R од 1970-тите со мотор во задниот дел и погон на задните тркала, тој одговорил дека таков модел е во план, но дека ќе биде комплетно електричен.

Не се знае кога тој би се појавил на пазарот, но најверојатно Skoda прво ќе ги таргетира поголемите електрични автомобили од 5-те најавени кои треба да ги исфрлат на пазарот. Комплетно електрична верзија на Citigo треба да дебитира во 2019-та, а продукциска верзија на Vision E SUV концептот ќе следи во 2020-та. Најмалку уште еден SUV и еден фамилијарен модел ќе бидат претставени пред спортскиот модел, а сите тие треба да бидат во продажните салони најдоцна до 2025.

Флексибилноста на MEB платформата која ќе ја користат сите возила од VW Group ќе им дозволи на Skoda да направат спортски автомобил со погон на задните тркала користејќи еден електричен мотор на задната оска. Ова ќе го редуцира дометот и моќноста која ќе ја има Vision E моделот, но ќе дозволи распоред на елементите како во класичниот 110R.

Се очекува дометот на Vision E и спортскиот модел со едно полнење на батеријата да започне од 400km и да се зголеми на најмногу 600km

Инаку, оригиналниот 110R модел имал 1.1 литарски 4-цилиндричен бензински мотор од 62 коњски сили, а од 0-100км/ч забрзувал за 18.5 секунди. Максималната брзина му била 145км/ч.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...