2017 Fiat 500L

По подновувањето на моделот 500 пред неколку години, Fiat сега вниманието го врти кон неговиот „поголем брат“ 500L. Мини MPV-то (multi-purpose vehicle/возило со повеќе намени) на Fiat во 2017 добива подновен изглед и дополнителна технологија, а продажбата треба да започне подоцна годинава.

Ревизиите на екстериерот се суптилни – браниците, предната решетка и стилизираните дневни LED светла се позајмени од 500-ката, а додадени се нови светла за магла, додека изборот на бои е зголемент на 37 комбинации.

Покрај тоа, целата серија е преименувана со 3 варијанти – The Urban (слична на сегашниот модел), The Wagon (ново име за подолгата верзија со 7 седишта) и The Cross (поранешно име Trekking) - верзијата со зајакната каросерија, зголемена висина за 25mm и систем за контрола при спуштање од ридчиња.

Во внатрешноста на 500L сега се наоѓа нов мултифункционален волан, централен TFT дисплеј, и кај најскапите модели, 7-инчниот Uconnect HD Live навигацискиот систем на Fiat со Apple CarPlay и Android Auto конективност. Вклучен е и новиот централен потпирач за раце, амбиентално осветлување и поквалитетни материјали со нови избори на бои.

Подобрена е и безбедносната технологија со автономно кочење во итни случаи, додека задната камера ќе се имплементира подоцна во 2017-та.

Во поглед на моторите, изборот ќе биде помеѓу 1.4 литарски бензински мотор во не-турбо варијанта од 95 коњски сили, или T-Jet Turbo од 120 коњски сили. Карактеристичниот 0.9 литарски Twinair мотор на Fiat со 2 цилиндри ќе биде понуден во варијанта од 105 коњски сили, додека дизелите ќе бидат 1.3 литарски од 95 и 1.6 литарски од 120 коњски сили.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...