Робот за паркирање автомобили

Паркирањето автомобил на аеродромите кој таму треба да остане додека не се вратите од пат не само што е скапо, туку може да се случи по враќањето комплетно да имате заборавено во која зона сте паркирале, како и возилото да претрпело некое оштетување.



Компанијата Stanley Robotics развива решение кое сето ова погоре опишаното ќе го направи дел од минатото. Нивниот автономен робот наречен Stan може да ги собира автомобилите од специјализираните локации наменети за тоа, и да ги транспортира до најблискиот парк од кој што сопствениците ќе можат да ги превземаат по враќањето од патот.

Процесот започнува кога клиентот ќе направи резервација преку сајтот или апликацијата на компанијата, пред да се паркира во пространа и добро осветлена гаража во близина на нивниот терминал. Штом го потврди датумот на пристигање, тој може да ја напушти локацијата за да се качи на летот, земајќи ги клучевите од автомобилот со него.

Тука настапува Stan, кој ги собира оставените возила, автоматски прилагодувајќи се според димензијата на секое, поставувајќи се под него и нежно подигајќи го од земјата. Откога возилото ќе се пренесе до паркот за автомобили на аеродромот, со помош на усовршената сензорска технологија тоа прецизно ќе биде поставено во него.

Компанијата Stanley Robotics бели дека оваа технологија може да го зголеми бројот на автомобили кои можат да се сместат во одредена област за 50%, и дека оперативните трошоци ќе опаѓаат бидејќи нема да има потреба од постојано чистење и одржување.

Потполно електричниот систем се рекламира како решение со нула емисии на штетни гасови, а иако не се објаснува од каде ќе се генерира електрицитетот за движењето на роботите, секој од нив ќе може да процесира помеѓу 20 000 и 30 000 возила годишно, менаџирајќи до 400 паркинг места во секое време.

Бидејќи секоја резервација ги содржи деталите за повратниот авионски лет, автомобилот автоматски ќе биде вратен на сопственикот и ќе го „дочека“ на одредена локација за преземање, по неговото симнување од авионот.

Овој робот веќе функционира во Charles de Gaulle аеродромот во Париз, а во скоро време постои шанса да биде вообичаен на аеродромите ширум светот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...