Audi A4 Black Edition

Audi ја надополни својата серија од Black Edition т.е моделите во црно издание со најновиот A4 Black Edition. Тој доаѓа со неколку стилски подобрувања, како и подобрување на опремата која следи со него во целата A4 серија.

Audi A4 Black Edition ќе може да се нарача во saloon (лимузина) и Avant (караван) верзија, а доаѓа со 19-инчни алуминиумски бандажи со финиш од матиран титаниум, како и опција за 18-инчни црни бандажи за која не се доплаќа.

Во црно се и ретровизорите на вратите, предната решетка, отворите за воздух и рамките на прозорците, додека кабриолет верзијата има и црни шини на кровот. Во овие визуелни дополнувања се вклучени и црниот заден спојлер, како и затемнетите странични прозори кои го редуцираат звукот и кои доаѓаат како дел од стандардната опрема.

Црното издание е на располагање со секоја варијанта на моторите во серијата A4, тука вклучувајќи го и моделот S4. Сите овие модели како стандардна опрема ќе го имаат најновиот безбедносен систем на Audi кој ја користи вградената 4G конекција која дозволува итни повици, и преку кој што може да се активира асистенција на патот и да се побараат разни сервиси преку панелот на кровот. Исто ќе бидат вградени системи за контрола на крстарење и задни сензори за помош при паркирање.

Спортскиот модел ќе добие подобрен волан, кожни седишта кои ќе можат да се загреваат, и поголем 7-инчен дисплеј на кој ќе бидат прикажувани важни информации за возачот. S-Line Моделите наместо кожа ќе имаат мешавина од кожа и Алкантара, како и греење на седиштата.

Цените на Audi A4 Black Edition моделите ќе започнуваат од 37 200 евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...