Концепт на BMW серијата 8

Претставена на овогодинешното Concorso d’Eleganza Villa d’Este во Италија, дизајнерската студија на концептот на BWM серијата 8 ќе се преточи во реалност во изложбените салони наредната година, преку 2+2 купето дизајнирано да се справи со конкуренцијата од типот на Mercedes S-Class Coupe.

Моделите од новата серија 8 ќе вклучуваат и кабриолет и Gran Coupe, а од сликите се забележува дека концептот во пропорциите потсетува на некои модели на Maserati. На предницата се забележливи фаровите и препознатливата голема „бубрег“ решетка слични на оние од новите модели на сериите 5 и 7, додека отворите за воздух зад предните тркала водат кон агресивно извајаната каросерија која потоа се подига кон сводовите под кои се наоѓаат 21-инчните тркала. Концептот е финиширан во нова боја наречена Barcelona Grey Liquid, која е дизајнирана ексклузивно за него.

Иако сè уште нема слики од кабината, од BMW велат дека ентериерот ќе биде типичен за еден спортски автомобил и дека ќе биде исполнет со мешавина од алуминиум и темна кожа, со спортски седишта со јаглероден оквир.

Аuto Express дознаваат дека серијата 8 ќе биде базирана на истата CLAR архитектура како и последната серија 7. Оваа платформа има флексибилност да се адаптира на мотори почнувајќи од 2.0 литарскиот 4-цилиндричен па до 6.6 литарскиот 12-цилиндричен.

На располагање ќе бидат моделите 825, 830, 835, 845 и 850, а оние кои ќе го носат M8 беџот и ќе бидат ривал на Mercedes-AMG S63 Coupe најверојатно ќе го користат 4.4 литарскиот twin-turbo V8 мотор.

BMW ќе нуди и дизел мотори, вклучувајќи ја и можноста во новата серија 8 да биде вграден новиот quad-turbo 3.0 литарски од 400 коњски сили, како и xDrive погон на сите тркала.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...