Audi ривал на Tesla со новото електрично возило

Volkswagen, која е матичната компанија на Audi, излезе со соопштение за медиумите во кое објаснува дека го зголемуваат продукцискиот капацитет за електричните возила. Компанијата ја прифаќа зголемената посветеност кон создавање на електрични мотори со филозофијата дека тие мора да ги заменат класичните мотори, а батериите да ги заменат резервоарите за гориво.

Аudi се спрема за лансирањето на нивниот e-tron quattro, електричен SUV модел кој треба да се појави на пазарот во 2018 и кој ќе има 500 километри опсег на движење со едно полнење на батеријата. Компанијата лансира таканаречена „Е-Фабрика“ во нејзината фабрика во Брисел со цел да ја олесни транзицијата од традиционалните кон електричните мотори.

Во новата фабрика, логистиката ќе се одвива во предниот дел, додека задниот ќе биде дом на продукциската линија возила со новите батериски системи од 95 kWh.

Со најавата на новиот SUV модел и нагласувањето на супериорниот опсег на движење на возилото, Audi директно му се спротистави на Tesla Model X чиј ќе биде директен ривал.

Информациите околу цените сè уште не се објавени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...