2017 Volkswagen Polo

Volkswagen и официјално ја претставија најновата, 6-та генерација на моделот Polo. Со позрел дизајн, зголемени димензии и избор од нови мотори, новото Polo ќе им биде ривал на Ford Fiesta и SEAT Ibiza кога ќе почне да се продава подоцна годинава.

Поминати се дури 8 години откога сегашното Polo се појави на пазарот, па така новиот автомобил е направен врз најновата платформа за малечки автомобили на VW-Group напречена MQB A0, која ја дели со новата Ibiza и идните верзии на Audi A1 и Skoda Fabia

Новото Polo е „пораснато“ во секој поглед освен висината – долго е 4053мм (за 81мм повеќе од сегашното), што е скоро исто како 4-тата генерација на Golf од 90-тите. Од сегашниот модел е пошироко за 69мм, и има 94мм поголемо меѓуоскино растојание, што значително го подобрува просторот за патниците. Волуменот на багажникот е пораснат од 280 на 351 литри, а овојпат Polo-то ќе се продава само во верзија со 5 врати.

Освен поголемиот простор во кабината, значително е подобрен и нејзиниот квалитет и вградената технологија. Во неа доминира новиот touchscreen infotainment систем чија големина (во зависонст од тримот) варира од 6.5 до 8 инчи, а тука е и најновата верзија на Active Info Display-от (понова дури и од онаа кај последниот Golf MK7.5).

Поскапите модели ќе доаѓаат со амбиентално осветлување како и избор од 13 бои за тримот на командната табла.

Изборот на бензински мотори ќе вклучува 1.0 литарски од 65 коњски сили, два 1.0 литарски турбо мотори од 96 и 115 коњски сили, како и поголем 1.5 литарски турбо од 150 коњски сили кој ќе има опција за деактивирање на цилиндрите за заштеда на гориво. Дизел моторите ќе бидат во две 1.6 литарски TDI варијанти од 80 и 95 коњски сили, а истовремено ќе биде понуден и Polo GTI моделот кој ќе има поголем 2.0 литарски TSI турбо бензински мотор од 200 коњски сили.

Во зависност од моделот, на располагање ќе бидат 5 или 6 брзински мануелни менувачи и 7 брзински DSG автоматски менувач.

Цената на основниот модел ќе започнува од околу13 000 евра, а ќе доаѓа со 14-инчни алуминиумски бандажи, лимитер на брзината, како и системи за итно сопирање при гратско возење и детекција на пешаци. Поскапите модели ќе имаат и адаптивна контрола на крстарењето, целосни LED предни фарови, прилагодливи амортизери, како и панорамски сончев кров.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...