Audi R8 Spyder V10 Plus

Audi го претстави најновото издание на R8 суперавтомобилот во кабриолет варијанта, наречен R8 Spyder V10 Plus, кој е најбрзиот кабриолет досега кој го имаат произведено.

Новиот модел го користи истиот 5.2 литарски V10 мотор од стандардниот R8 Spyder, но со подобрени перформанси – моќноста е зголемена за 70 коњски сили и сега изнесува 610 коњски сили, со 560Nm вртежен момент.

Како резултат на тоа, забрзувањето од 0-100км/ч кое кај стандардниот модел изнесува 3.3 секунди, кај Plus е намалено за 0.3 секунди, додека максималната брзина е зголемена од 317 на скоро 330км/ч.

Автомобилот има вградено систем за деактивирање на цилиндрите кој може да го трансформира моторот во 5 цилиндричен кога не се користи премногу, а има и функција за возење без употреба на моќ, кога моторот самиот се дисконектира од погонот доколку возачот не ја притиска педалата за гас при брзини над 55км/ч. Ова сè уште е „најжедниот“ R8, со потрошувачка од 9.6km/l и CO2 емисии од 292g/km.

Моќноста се испорачува преку quattro погонот на сите тркала и 7-брзински менувач, а возилото тежи 1695кг, од кои 140кг отпаѓаат на механизмот за кровот и дополнителното зајакнување на шасијата. И покрај тоа, V10 Plus е 25кг полесен од обичниот R8 Spyder благодарејќи на користењето на полесни материјали за негова изработка, како пластика засилена со јаглеродни влакна, и разни алуминиумски компоненти. Кровот кој се превиткува е направен од алуминиум и магнезиум, и е финиширан со слој ткаенина, а за да се отвори и затвори потребни му се 20 секунди, и тоа може да го изведе при брзини до 50км/ч.

Audi R8 Spyder V10 Plus ќе чини од 207 500 евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...